Дали Пеп ќе се обиде да го ангажира Мбапе? Тренерот на Сити одговори на шпекулациите

by
1 минути читање

Англискиот првак
тргна лошо во новата сезона од групната фаза од Лигата на шампионите, забележа
пораз пред своја публика од Лион, а вечерва (18,55) ќе има можност да се
поправи на гостувањето кај Хофенхајм во второто коло.

На
пресконференцијата пред вечерашниот меч во Германија, освен што говореше за
предизвикот кој го чека неговиот тим, Пеп Гвардиола беше запрашан и за
шпекулациите кои извесниот период кружат низ медиумите на Островот дека тој
сака да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ во јануарскиот преоден рок.

Тоа нема да се
случи, понекогаш навистина не разбирам од каде доаѓаат тие вести, Сити нема да
троши пари кои ПСЖ ги заслужува
“ беше дециден во својот одговор каталонскиот
тренер.

ПСЖ нема да го
продаде Мбапе, барем така јас претпоставувам, тој нема да дојде тука, а ние
нема да се обидеме да направиме трампа за него, ниту пак за Стерлинг или за
друг фудбалер, луѓето треба да имаат барем малку почит
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×