Дали оваа изјава на Зидан е „добредојде“ за Кејн во Реал Мадрид?

by
1 минути читање

Бранителот на европскиот трон, Реал Мадрид утревечер на
домашен терен пред своја публика го пречекува Тотенхем во третото коло од
групата „Х“ од Лигата на шампионите.

И двете екипи имаат по две победи, односно над Борусија
Дортмунд и АПОЕЛ, а францускиот стратег од клупата на Кралевите, Зинедин Зидан
упати низа пофалби за Хари Кејн, кој игра во фантастична форма.

Тој е клучен фудбалер за Тотенхем, премногу е добар во
секој аспект, но најдоброто од се
е тоа што постојано размислува како да постигне гол.
Тој е комплетен фудбалер, иако така не изгледа, но секогаш се појавува онаму
каде што е потребно
“ рече Зидан.

Во последниов период постојано 24 годишниот Кејн се
поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, а на тоа Зидан имаше кус коментар.

Не знам што ќе се случува во иднина…“ додаде
Французинот не сакајќи да даде никаков дополнителен коментар на таа тема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани