18 годишниот
Французион веројатно е најбараното име ова лето по одличната сезона која ја
имаше во дресот на Монако.
Речиси сите
гиганти од Европа го посакуваат Килијан Мбапе, Монако веќе одби неколку мега понуди и се
шпекулира дека ќе бидат потребни преку 130 милиони евра за ангажман на
напаѓачот.
Ваквите бројки
фрлаат дополнително внимание, играчот постојано е под лупа, па дури и најмала
промена изнудува реакции.
Токму една ваква
ситација предизвика денеска да се крене голема прашина.
Килијан Мбапе од
својот профил на Твитер избриша дека е фудбалер на Монако, како и тоа дека е
заштитно лице на Најки.
Се говори дека на
почетокот од јануари Килијан Мбапе ќе потпише спонзорски договор со Адидас, а
ќе го облече и дресот на нов клуб.
Реал Мадрид, кој има соработка токму со Адидас, се посочува како следната
дестинација на тинејџерот.