Дали Мурињо ќе го паркира автобусот на Емирати? Еве што мисли Венгер

by
1 минути читање

Откако седна на
жешкото столче на Олд Трафорд, „Специјалниот“ се мачи на гостувањата кај топ
шест екипите на табелата. На седум натпревари кај Челси, Арсенал, Манчестер
Сити, Ливерпул и Тотенхем, Жозе Мурињо има само три поени и еден гол.

Во оваа серија
спаѓа и поразот од 2-0 на гостувањето кај Арсенал минатата сезона, што беше
прва победа во првенството за Венгер над лутиот ривал Мурињо во 13 обиди.

Па Арсен Венгер
беше запрашан дали очекува Жозе Мурињо да го паркира автобусот и со дефанзивен
приод да обезбеди добар резултат.

„Не, не очекувам
ништо посебно. Мислите ми се насочени само кон тоа како играчите да се одморат
добро
– вели менаџерот
на Арсенал.

„Манчестер
јунајтед е силен тим и ќе гледаме да се справиме со проблемите кои тие ќе ни ги
креираат. Очекувам да напаѓаат, нема само да се бранат
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×