Дали Милан беше оштетен против Сампдорија? Не беше само стартот над Пјонтек, имаше и играње со рака (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сампдорија со 1-0
славеше против Милан, киксот на Донарума по триесетина секунди го
донесе единствениот гол на мечот.

Но „росонерите“
сигурно ќе имаат забелешки на судијата Орсато. Во финишот од мечот, Пјонтек
падна во шеснаесетникот но ништо не беше досудено. Одредени агли покажаа дека
можеби има простор за најтрога казна, па ВАР собата го повика арбитарот да ги
прегледа повторените снимки.

Сепак, имаше еден
агол од кој се забележува минимален контакт на Муру со топката и тоа за Орсато
беше доволно да остане на својата прва одлука, на големо разочарување на клупата на Милан и играчите.

Но ова не беше
единствениот контроверзен момент, во првиот дел имаше чисто играње со рака во
шеснаесетникот на Сампдорија, но тогаш Орсато сметаше дека домашниот играч
немал никаква намера. Повторени снимки не беа прегледувани за овој момент, и
судијата само беше во комуникација со ВАР собата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×