Дали Мбапе е на нивото на Роналдо? Еве што вели Анчелоти

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Килијан Мбапе имаше фантастична вечер во Лигата на шампиони, со три гола му пресуди на Манчестер Сити па почнаа споредбите со Кристијано Роналдо.

Килијан Мбапе беше големото летно засилување за „кралевите“, но напаѓачот се соочи со многу проблеми на почетокот од авантурата во белиот дрес.

Но тој полека влезе во голгетерска форма, вчера запиша хет-трик против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, па почнаа споредбите со Кристијано Роналдо.

„Винисиус е одличен, но Мбапе ја има таа аура на избраните. Кристијано ја имаше, а сега и Мбапе ја има. Тој е тридимензионален играч, се наоѓа на врвот, ништо не може да го сопре“ – вели познатиот колумнист Томас Ронсеро.

„Кристијано Роналдо беше уникатен, но со ова ниво на Мбапе, Реал има смртоносно оружје во нападот. Не го имам тоа чувство со Винисиус, но го имаме со Мбапе, и сметам дека тој е најблиску до она што беше Роналдо во Реал“ – кажува новинарот Дани Гаридо.

На оваа тема говореше и тренерот Карло Анчелоти, кој порача: „Мбапе има квалитет да го достигне Роналдо, но ќе мора да работи многу бидејќи Кристијано ја постави границата на високо ниво. Со неговиот квалитет и амбиција, Мбапе може да го стигне нивото на Роналдо, но воопшто нема да биде лесно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×