Манчестер Сити до крајот на преодниот рок сака да се засили со уште двајца фудбалери – Андреа Камбијасо и Даглас Луиз од Јувентус.
„Граѓаните“ овој месец инвестираа преку 120 милиони фунти во ангажман на Омар Мармуш, Абдукодир Хусанов и Витор Реис, а ги донесе и перспективните Џума Бах и Кристијан МекФарлејн.
Но се чини дека Манчестер Сити нема да застане тука и до крајот на зимскиот преоден рок сака да донесе уште две нови имиња.
Последните шпекулации велат дека актуелниот шампион на Англија прави прогрес во преговорите со Јувентус за трансфер на Андре Камијасо.
Директорите на Манчестер Сити исто така опипуваат терен за двојна зделак со „старата дама“ и ангажман на Даглас Луиз во пакет со левиот бек.
Многумина ваквиот развој на настаните го толкуваат како можност „граѓаните“ да добијат забрана за трансфери поради прекршување на правилата за Финасиски фер плеј.
Суслушувањето пред независната комисија завршија во декември, и се очекува во март месец да биде донесена одлука.