Манчестер јунајтед ќе води битка со Њукасл за ангажман на Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг, се верува дека фудбалерот преферира преселба на Олд Трафорд, но популарните „свраки“ можат да понудат подобри финансиски услови.
Ангажман на нов напаѓач е еден од приоритетите на Рубен Аморим и Манчестер јунајтед ова лето, но потрагата не оди според планот.
„Ѓаволите“ прво ја изгубија битката со Челси за Лиам Делап, потоа со Ливерпул за Уго Екитике и на крајот со Арсенал за Виктор Ѓокереш.
Последните информации велат дека Манчестер јунајтед сега ќе му конкурира на Њукасл за потписот на Бенџамин Шешко.
Се верува дека голгетерот од Словенија преферира преселба на Олд Трафорд, но популарните „свраки“ можат да понудат подобри финансиски услови.
Останува да се види дали Манчестер јунајтед ќе загуби уште една битка со ривалите, или конечно Рубен Амори ќе добие нов напаѓач.