Дали Манчестер јунајтед се подготвува за продажба на Погба? Договорен е Милинковиќ Савиќ за 75+ милиони евра

by
1 минути читање

Популарниот СМС
ова лето во неколку наврати се поврзуваше со „ѓаволите“ но како замена на Пол
Погба во случај Французинот да го напушти Олд Трафорд.

Попладнево од Италија пристигна вест дека практично е договорен неговиот трансфер.
Весникот Ла Република пренесе дека Манчестер јунајтед и Лацио си подале рака за
трансфер на Сергеј Милинковиќ Савиќ вреден 75 милиони евра плус бонуси. Србинот исто така веќе постигнал согласност со најтрофејниот клуб од Англија за
петгодишен договор.

За услугите на
Милинковиќ Савиќ интерес пројавува и ПСЖ па останува да се види дали „светците“
ќе се замешаат во последен миг.

Лацио минатото
лето одби понуди вредни и до 120 милиони евра за СМС, но претседателот Клаудио
Лотито неодамна призна дека сега нема толку многу адути за да го задржи играчот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×