Дали ќе се преигра натпреварот помеѓу Гримзби и Манчестер јунајтед? Еве што одлучи ЕФЛ

by bojan
1 минути читање

Гримзби направи огромна сензација откако го елиминираше Манчестер јунајтед во второто коло на Лига купот, но четвртолигашот се најде во проблеми откако употреби играч кој бил регистриран една минута по крајниот рок.

Минатата недела, Гримзби му нанесе срамен пораз на Манчестер јунајтед, го совлада на пенали и го елиминираше во Лига Купот.

Но четвртолигашот се најде во проблеми откако употреби играч кој всушност не требал да настапи со оглед на тоа дека бил регистриран една минута по крајниот рок.

Постоеше можност Гримзби да го изгуби натпреварот на зелена маса, или пак да се преигра натпреварот со Манчестер јунајтед.

Сепак, ЕФЛ реши да им прогледа низ прсти, па изрази само парична глоба од 20.000 фунти, од кои 10.000 фунти се условни, и ќе бидат активирани во случај доколку до крајот на сезоната се повтори ваква грешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×