Дали Ипсвич ќе одигра клучна улога за две трансфер бомби во Премиерлигата во последните минути?!

by bojan
2 минути читање

Ипсвич може да креира домино ефект и да помогне Рахим Стерлинг да заврши во Арсенал, а Џејдон Санчо во Челси.

Преодниот рок на „островото“ завршува во 23 часот по локално време, односно на полноќ по македонско време, и се чека абер за две трансфер бомби.

Џејдон Санчо треба да се пресели во Челси, а Рахим Стерлинг во Арсенал.

Неколку извори пренесуваат дека се е договорено за Џејдон Санчо да ги засили „сините“, двата клуба си подале рака за позајмица со обврска за перманентен трансфер.

Што се однесува до Рахим Стерлинг, тој веќе дал зелено светло за авантура на Емирати и чека Арсенал и Челси да пронајдат заеднички јазик за условите под кои ќе се реализира зделката.

Интересно, Ипсвич може да одигра клучна одлука за овие две трансфер бомби во Премиеригата, новајлијата тргна по потписот на Рис Нелсон и со тоа предизвика домино ефект, односно отвори простор за Арсенал да притисне за Стерлинг, а Челси за Санчо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани