Делегација на Клуб Бриж пристигнала во Милано на средба со Интер за трансфер на Александар Станковиќ, една ваква зделка може да помогне Милан конечно да го добие Ардон Јашари.
Ардон Јашари е една од топ трансфер целите на Милан ова лето, „росонерите“ доставија неколку понуди, последната вредна околу 38 милиони евра, но Клуб Бриж до овој момент одбива да го продаде репрезентативецот на Швајцарија, кој има македонско потекло.
Но Милан би можел да добие помош од Интер за реализирање на трансферот, претставници на Клуб Бриж попладнево пристигнале во Милано.
Нивна цел е Александар Станковиќ, син на легендарниот Дејан Станковиќ. Момчето родено во 2005, минатата сезона ја помина на позајмица во Луцерн, каде импресионираше со своите партии и го привлече вниманието на неколку клубови.
Се говори дека Интер е подготвен да го продаде за 10 милиони евра, со клаузула да го вратат во своите редови за одредена сума.
Останува да се види дали двата клуба ќе пронајдат заеднички јазик, и дали една ваква зделка ќе отвори простор за трансфер на Ардон Јашари во Милан.