Интер синоќа имаше средба со агентот на Лаутаро Мартинез, и во моментов има голми разлики помеѓу двете страни околу новиот договор.
„Нероаѕурите“ сакаат да го задржат својот капитен, Аргентинецот сака да остане во Милано, и судејќи по ова, се чини дека преговорите за новиот договор треба да се само формалност.
Но во моментов има големи разлики помеѓу двете страни.
По вчерашната средба на директорите на Интер со агентот на Лаутаро Мартинез, медиумите објавија дека напаѓачот побарал плата од 12 милиони евра по сезона, која ќе прогресира секоја година (на 14 милиони евра, па на 16 милиони евра…).
Интер во моментов не планира да оди повеќе од 10 милиони евра сосе бонуси, оваа бројка е поставена како лимит.
Наскоро ќе има нова средба помеѓу двете страни и обид да се најде компромис.
Актуелниот договор на Лаутаро Мартинез истекува во јуни 2026, па доколку нема услови за нова соработка, Интер ќе мора полека да почне да размислува за продажба на Аргентинецот.