Дали Игуаин ги навреди навивачите на Реал Мадрид?

by
1 минути читање

Игуаин шест години го носеше дресот на Реал Мадрид и постигна 122 голови за кралскиот клуб, но често добиваше критики од навивачите.

Во 2013 година замина во Серија А, во Наполи стана главен играч, минатата сезона беше најдобра во неговата кариера по што се пресели во Јувентус.

Аргентинецот прави споредба помеѓу Јувентус и Реал Мадрид.

„Јувентус е многу сличен на Реал Мадрид, секогаш оди на победа“ – вели Игуаин.

„Но фановите на Јувентус немаат толку големи барања како оние на Реал Мадрид. Во културата на навивачите на Јувентус не е да им свиркаат на своите фудбалери“.

Ваквата изјава на Игуаин некои фанови на Реал Мадрид ја сметаат како навреда од поранешниот нивни фудбалер, но некои ја игнорираат бидејќи знаат дека вообичаено е во Шпанија да се исвиркуваат сопствените играчи доколку тие не ги исполнуваат нивните очекувања. Така беше и на последниот домашен меч на Реал Мадрид кога беше исвиркан и Кристијано Роналдо.

„Благодарен сум и на Наполи и на Реал Мадрид. Ги менувате клубовите со цел да научите нови работи. Важна е желбата да се напредува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани