Дали Халанд ќе биде казнет за тоа што го удри Габриел со топка во глава?

by bojan
2 минути читање
Халанд

Ерлинг Халанд имаше еден непромислен потег во финишот од натпреварот против Арсенал, го удри Габриел со топка во глава, но се верува дека напаѓачот ќе куртили од казна.

Манчестер Сити синоќа долго се мачеше да го скрши отпорот на Арсенал, кој цело второ полувреме играше со играч помалку.

Сепак, мрежата на „топчиите беше затресена во 98. мнунута за огромна радост на домаќините.

Во тие моменти, Ерлинг Халанд имаше еден непромислен потег и го удри Габриел со топка во глава, со кого водеше жестока битка на теренот.

Многумина сметаат дека Норвежанецот треба да биде казнет за својата глупост, но последните информации велат дека Ерлинг Халанд ќе куртули и нема да биде санкциониран од ФА.

Поранешниот судија, Марк Хејсли смета дека Халанд имал среќа што веднаш не добил казна бидејќи ВАР можел да реагира.

„Ова можете да го сметата за насилно однесување, исто како да сте фрлиле предмет кон главата на некој фудбалер. Исто како со рака да сте удриле некого во глава“ – вели Хејсли.

„Па има среќа што не беше исклучен веднаш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани