Французинот минатото лето требаше да потпише за Барселона, и откако со месеци одлучуваше за својот потег, на крајот сними документарен филм за да соопшти дека се предомислува и останува во Атлетико.
Тој сепак сега реши дефинитивно да замине од Мадрид и повторно Камп Ноу беше посочен како идна дестинација. Медиумите од Шпанија пренесоа дека тој уште во март ставил потпис на договор со „каталонците“.
Сепак, неговата клаузула ќе биде намелена на 120 милиони евра дури на 1. јули и до тогаш, ниту играчот, ниту клубот не можат да соопштат дека има договор за трансфер.
Па ова остава простор за шпекулации и последните гласини велат дека Антоан Гризман по втор пат ќе ја изигра Барселона.
Спорт вели дека напаѓачот се договорил со ПСЖ да го наследи Единсон Кавани во форот. Антоан Гризман имал средба со првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи и си подал рака за преселба во Париз.
Каталонскиот весник додава дека Антоан Гризман се решил на еден ваков чекор поради тоа што голем дел од играчите во соблекувалната на Барса се противеле на неговото доаѓање, како и фановите на клубот од Камп Ноу.