Дали Челси најде тактика против корнерите на Арсенал!? (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал во последните години се промовираше во тим кој е исклучително опасен од прекини, секој корнер е закана за противникот.

Топчиите имаат посебен тренер за прекини и секој центаршут во шеснаесетникот може да биде кобен.

Челси синоќа проба нешто невидено досега. Пред Арсенал да го изведе корнерот, тројца од играчите на сините кои беа во шеснаесетникот тргнаа кон голот на топчиите, а со тоа повлекоа и неколку нивни фудбалери и им ја расипаа замислената поставеност.

Дали ова ќе почнат да го користат и други тимови и колку е ефикасно, ќе се види во наредниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×