Фудбалерите на Интер продолжуваат со сигурниот чекор кон титулата во Серија А, откако славеа убедлива победа од 5-2 против Рома, а потегот на натпреварот го имаше Хакан Чалханоглу.
Турскиот репрезентативец постигна спектакуларен погодок, откако од огромна дистанца испрати силен и прецизен удар кој беше невозможен за одбрана за голманот на римскиот состав, Миле Свилар. Неговиот гол веднаш предизвика реакции во фудбалската јавност, а многумина веќе го издвојуваат како најубав погодок во досегашниот тек од сезоната во Серија А.