852
Алексис Санчез не го продолжува договорот со Арсенал кој му истекува во 2018 година и огромна е веројатноста да биде продаден во летниот преоден рок.
Во интервју за „Ел Графико“, Санчез вели дека сака да остане во Лондон.
„Среќен сум во Лондон и се надевам дека ќе го завршам договорот“ – вели Санчез.
„Сакам да останам во градот и да играм за тим кој е освојувач, кој има победнички менталитет“.
„Имам 28 години и се уште имам за играње пред мене. Јас сум играч кој се грижи за себе“.
Челси во Алексис Санчез би имал идеална замена за Азар доколку тој направи трансфер во Реал Мадрид.