Дали Бастони може да биде суспендиран за симулирањето против Јувентус?

by bojan
1 минути читање

Алесандро Бастони доби критики од сите страни за своето однесување на дерби пресметката против Јувентус и неговата улога во контроверзниот момент, кога Пјер Калулу доби втор жолт картон и беше исклучен.

Интер во саботата ја доби пресметката против Јувентус и по долго време доби еден дерби натпревар во Серија А, но во фокусот на јавноста и понатаму е контроверзниот момент од пред крајот на првото полувреме и исклучувањето на Пјер Калулу.

На удар на јавноста се најде Алесандро Бастони, кој добива критики и од навивачите и од стручните коментатори.

Дефанзивецот на Интер го обвинуваат дека симулирал, а дополнително му замеруваат и за тоа што се радуваше кога виде дека судијата вади црвен картон.

Многумина сметаат дека Алесандро Бастони треба да биде казнет, некои дури и бараат тој да биде изоставен од составот на Италија.

Но Џенаро Гатузо во моментов не размислува за еден ваков чекор, и доколку дефанзивецот нема проблеми со повреда, ќе добие повик од репрезентацијата.

Останува да се види дали ваквиот став ќе го делат и првиот човек на федерацијата, Габриеле Гравина и директорот Џиџи Буфон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×