Нико Вилијамс се чини дека одлучил да остане во Атлетик Билбао, барем ако се суди по последните активности на клубот од Баскија.
Барселона го постави Нико Вилијамс како топ трансфер цел ова лето и во еден период се чинеше дека Шпанецот пристигнува на Камп Ноу за да направи страшен тандем со Ламин Јаmал и Роберт Левандовски во нападот.
Но во последно време се почесто се говори дека „каталонците“ ќе останат со празни раце и Нико Вилијамс ќе продолжи во Атлетик Билбао.
И ако се суди по последните активности на клубот од Баскија на социјалните мрежи, се чини дека нема ништо од трансфер.
Атлетик Билбао го постави ликот на Нико Вилијамс на делот од веб страната наменета за членовите, напаѓачот во рака држи членска картичка за сезоната 24/25 и стои пораката „слушај ги сигналите“.
Ликот на Нико Вилијамс, заедно со неговиот брат Ињаки, беше искористен и за промоција на продажба на билети, и тоа за последното коло од сезоната кога Атлетик Билбао игра токму со Барселона.
Претходно, кога силно се шпекулираше дека Нико Вилијамс ќе се пресели во Барселона, фудбалерот не се најде на промотивните материја за новите дресови на Атлетик Билбао.