Барселона одигра
само реми со резултат 2-2 на домашен терен против Жирона, а причината за
киксот, од каталонскиот гигант го вперија прстот кон главниот арбитар на
средбата на Камп Ноу, Хесус Жил, поради директниот црвен картон до Клемен
Ленгле уште во 35. минута.
Французинот имаше
судир со Пере Понс во тој дел од мечот, го искористи својот лакт, па и покрај
тоа што врз него беше направен прекршокот од таа ситуација, токму тој се здоби
со исклучување на средбата откако следеше консултација со ВАР технологијата, а причината е секако „агресивност“ во тој дуел.
Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде издвои дека е зачуден од таа
одлука на судијата, додавајќи дека лично Понс по мечот му се извинил на Ленгле
поради прекршокот, а токму тоа исклучување влијаело на конечниот исход,
истакнувајќи дека немало никаква агресија од страна на неговиот фудбалер.