Дали Баерн по секоја цена ќе го ангажира Та? Ито заработи фрактура и го чека долга пауза

by bojan
1 минути читање
Ито

Летното засилување Хироки Ито доживеа пех на денешниот пријателски натпревар против четвртолигашот Дирен, дефанзивецот заработи фрактура на стапалото и го чека долга пауза.

Баерн Минхен веројатно ќе биде приморан да ангажира нов дефанзивец откако посериозно се повреди Хироки Ито, засилувањето од Штутгарт вредно околу 30 милиони евра.

На денешниот тест натпревар против четвртолигашот Дирен, Јапонецот заработи фрактура на стапалото.

„Очигледно дека ова е голем удар. Ќе му дадеме соодветна поддршка на Хироки за што е можно побрзо да се опорави“ – порача спортскиот директор Макс Еберл.

Медиумите шпекулираат дека Ито ќе биде надвор од стројот помеѓу два и три месеци, но не се исклучува паузата да биде и подолга.

По ваквите вести почна да се шпекулира дека Баерн сега по секоја цена ќе го ангажира Џонатан Та од Баер Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани