Дали Аргентинците го одбраа наследникот на Меси во репрезентацијата?

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинската репрезентација веќе размислува за моментот кога Лионел Меси ќе се повлече од националниот тим и се поставува клучното прашање кој ќе ја преземе капитенската лента по него. Иако сè уште нема конечна одлука дали капитенот ќе настапи на Мундијалот во САД, Канада и Мексико во 2026, меѓу навивачите и медиумите се појавува јасен фаворит за наследник.

Во фокусот е Енцо Фернандез, играчот за врска на Челси. Младиот фудбалер не ја крие амбицијата да стане лидер на националниот тим и отворено зборува за својата желба.

На лично ниво, секако, сон ми е да бидам капитен на Аргентина, но таа одлука не е моја. Зависи од стручниот штаб. Тоа дефинитивно е еден од моите сонови и чест би ми била да ја носам капитенската лента. Ќе се обидеме да ја одбраниме и повторно да ја освоиме титулата. Аргентискиот народ е толку страстен и секогаш сака повеќе. Нашиот менталитет е дека заслужуваме да ја одбраниме нашата круна и да одиграме одличен турнир, што значи да го освоиме“, изјави играчот за врска на Челзи.

Од другата страна, Лионел Меси сè уште не дава гаранции. Иако остави отворена можност да настапи на Светското првенство, не сака ништо да потврди пред време и ќе ја донесе одлуката во зависност од својата физичка состојба и формата во тој период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×