Далеку од 70 милиони евра: Лил од продажбата на Осимен заработил само – седум милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Првиот човек на Лил, Оливие Летанг ја изненади јавноста со изјавата за заработката на францускиот клуб од продажбата на Виктор Осимен во Наполи.

Според изјавата на Летанг кој стана претседател на Лил неколку месеци по преселбата на напаѓачот на Наполи пред четири години клубот заработил само седум милиони евра.

„Приходот од продажбата на Осимен не беше 70 милиони евра. Само седум милиони евра влегоа во клупската благајна, ако ги земем во предвид провизиите за сите посредници, капиталната добивка и вредноста на четворица фудбалери (Лингоури, Манзи, Камезис и Палмери).

Ниту еден од четворицата споменати фудбалери никогаш не заигра за Лил. Властите во Италија и Франција наводно веќе го истражувале договорот на Наполи за Осимен во 2020 година.

Денес Нигериецот го носи дресот на Галатасарај каде што настапува како позајмен фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани