Репрезентативецот на Албанија, Мирланд Даку се огласи на социјалните мрежи и се извини за скандалозното скандирање по натпреварот против Хрватска, кога ги навредуваше Македонците и Србите.
По крајот на натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија, Мирланд Даку зеде мегафон во рака и почна да скандира со навивачите на Албанија, притоа беа користени навреди за Македонците и Србите.
Фудбалските федерации на Македонија и Србија реагираа веднаш и испратија официјален допис до УЕФА, па европската куќа на фудбалот отвори истрага за однесувањето на фудбалерот на Рубин Казан.
Свесен дека го чека казна, Мирланд Даку се огласи на социјалните мрежи и се извини за скандалозното скандирање.
Сепак тој не ги спомна Македонците и Србите, само порача дека се извинува на оние кои се почувствувале навреди. Свото однесување го правдаше со зголемените емоции од настапот на Европското првенство пред огромна поддршка од верните навивачи.