Даглас Коста веќе „потпиша“ за Јувентус (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Веќе подолг
период траат најавите за трансфер на Бразилецот во редовите на италијанскиот
шампион кој најпрво не сакаше да ја зголеми првичната понуда од 34 милиони
евра, со тоа што беше сосема далеку од бараната на Баерн Минхен која изнесуваше
цели 50 милиони евра.

Последните
информации кои пристигнуваат од германски „Билд“, говорат дека Јувентус сепак попуштил во преговорите и за сума од 38
милиони евра, наводно го договорил трансферот на Бразилецот.

Даглас Коста пред
две сезони ги засили редовите на Баерн Минхен кој на Шахтјор му исплати
фантастични 30 милиони евра за обештетување. Дека украинскиот клуб долго време
игра одлично на трансфер пазарот говори и податокот дека Коста го доведе од
Гремио за само 8 милиони евра во 2010. година.

Дека не изгледа
се така спонтано во целата оваа ситуација, навестува и насловот на едно видео
на фан пејџ на фанови на Јувентус на „
Facebook“ под насловот „Потписот на Даглас Коста“.

На турнејата во
Соединетите Американски Држави,
по крајот еден натпревар Коста се потпиша на дрес
на едно девојче со дрес од Јувентус, целата ситуација беше уловена од
италијанските ТВ камери.

Притоа, Коста беше убедуван од страна на навивачи на
италијанскиот шампион да не се двоуми во приликата да стави потпис на договор
со Јувентус, на што тој одговори со насмевка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани