Англија гостува кај Малата во квалификациите за СП 2018, и Деле Али реши да сподели лајв видео со совите следбeници на Инстаграм.
Но тој беше приморан да го избрише постот откако беше уловен интересен разговор и пријателско пецкање помеѓу Ерик Даер и Кајл Вокер.
Десниот бек до пред неколку месеци им беше соиграч на Дер и Али, но ја прифати понуадта на Манчестер Сити и направи рекорден трансфер вреден 50 милиони фунти.
Па за ваквиот потег, Даер го нарече „предавник“ Кајл Вокер, а десниот бек веднаш му одговори и му порача: „А ти што сакаше да одиш во Манчестер јунајтед…“
Ерик Даер беше една од желбите на Жозе Мурињо и се верува дека „Специјалниот“ е голем фан на Англичанецот, но Тотенхем не сакаше да слушне за продажба ниту за 60 милиони фунти.
На крајот „Црвените ѓаволи“ го донесоа миленикот на Португалецот, Немања Матиќ од редовите на Челси.