Даде гол против Македонија и собра сила да му каже на Наполи

by
1 минути читање

Милик синоќа беше стрелец на вториот гол за Полска против Македонија, но по натпреварот имаше измешани емоции. За прв пат јавно проговори дека не е задоволен од статусот во Наполи.

„Би сакал да играм повеќе од 15 минути по натпревар, но нема да кажам ништо друго“, изјави Милик по мечот.

„Мојот гол беше важен, Левандовски ми даде фантастична топка и среќен сум што постигнав погодок кој ни даде мирна завршница на мечот“.

„А дали ќе одам на мојот трет голем турнир ќе видиме. Би сакал да одам таму играјќи редовно во клубот. Вистина е дека се зависи од мене, од моите нозе“.

„Верувам во себе, но зависи и од мечевите и минутите. Ако не добивам шанса да играм тогаш е тешко да направите нешто“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×