Екипата на
Палермо се избори за мошне важни три бода од дуелот против Карпи на домашен
терен каде едноставно немаше право на кикс, а предводник на Сицилијанците во триумфот беше
капитенот на таа екипа, Илија Несторовски.
Македонскиот
репрезентативец постигна два гола, а реализираше и една асистенција во победата
која донесе вредни три бода за Сицилијанците кои заостануваат само бод зад
лидерот во Серија Б, Бреша (50).
Нема дилеми дека
Палермо до крајот на актуелната сезона ќе се бори најмалку за второто место на
табелата во Серија Б, односно директен пласман во Серија А, а феноменалната
партија на Несторовски изминатиов викенд беше наградена од страна на „Дацн“,
медиумот кој го смести Македонецот во тимот на 27 коло во Серија Б, а освен
Несторовски, од тимот на Палермо во овој избор се најде и неговиот соиграч
Цезар Фалети.
class="instagram-media" data-instgrm-permalink="https://www.instagram.com/p/BvJyLcBBk4C/?utm_source=ig_embed&utm_medium=loading" data-instgrm-version="12" style=" background:#FFF; border:0; border-radius:3px; box-shadow:0 0 1px 0 rgba(0,0,0,0.5),0 1px 10px 0 rgba(0,0,0,0.15); margin: 1px; max-width:540px; min-width:326px; padding:0; width:99.375%; width:-webkit-calc(100% - 2px); width:calc(100% - 2px);">View this post on
Несторовски
воедно се огласи на социјалните мрежи по одличните перформанси изминатиов
викенд и упати извинување до навивачите на Палермо поради неговиот пост, а
воедно и отсуството.„Простете поради
отсуството“ напиша Несторовски откако го прекина постот од 15 февруари, кога
постигна гол во ремито од дербито против Бреша на домашен терен (1-1), а имаше
и пауза оваа сезона поради повреда.×