„Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

by bojan
2 минути читање
Муту

Легендарниот Адриан Муту вели дека најголема грешка му било тоа што шмркал кокаин, и смета дека лесно ќе ја освоел „Златната топка“ доколку работите се одвивале поинаку.

Адриан Муту во август 2003 направи трансфер во Челси вреден 22,5 милиони евра и беше дел од револуцијата што се случуваше на Стемфорд Бриџ под капата на новиот газда Роман Абрамович.

Но една година подоцна, авантурата на Романецот во Лондон се претвори во кошмар, беше позтивен на допинг тест.

„Тоа што шмркав кокаин кога бев во Челси е најголемата грешка која ја направив во кариерата“ – вели Муту во разговор со Телеграф.

„Бев осамен и тажен, но ниту мојата депресија не треба да бие оправдување за постапките“.

„Требаше да побарам помош и не го сторив тоа. Сепак, учите од се во животот и таа лекција ме направи подобар човек, многу позрел и посвесен. И горд сум на тоа“.

Челси веднаш му го раскина договорот, а Муту доби и тужба со барање да исплати десетина милиони на име на оштета.

„Нулта толеранција – тоа беше политиката на Челси кога е во прашање дрогата. Направив грешка, и ја платив цената“.

„Не бев навикнат на таков живот. Пристигнав во Челси во период кога имав многу турбуленции во приватниот живот, и се заплеткав во многу лаги и изговори. Бев млад и осамен“.

„Многу пати имам размислувано што можеше да се случи доколку не шмркав кокаин, едно време бев помеѓу најдобрите во светот и лесно можев да ја освојам „Златната топка“. Но одлуките ме однесоа на друг пат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани