„Да беше Ферги ќе гледавме друг филм, Рашфорд ќе леташе на клоци!“

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Теди Ширингам вели дека е разочаран од однесувањето на Маркус Рашфорд и не може да разбере како дете од школата на „ѓаволите“ толку лесно кажува дека е подготвен за нов предизвик.

Маркус Рашфорд е на удар на англиската јавност, особено на поранешните играчи на Манчестер јунајтед, последен кој се приклучи во дебатата е Теди Шерингем.

„Искрено не знам и не ме интересира каде тој ќе ја продолжи кариерата, но начинот на кој кажа дека е „подготвен за нов предизвик“, навистина ме разочара“ – вели Англичанецот.

„Навикнати сме странците кои доаѓаат во Агнлија да го кажуваат ова, но кога го кажува некој ваш човек од Манчестер, момче од Манчестер кое треба добро да знае каква привилегија има што игра во Манчестер јунајтед… тоа воопшто не е добро“.

„Секоеј фудбалер ширум светот би сакал да игра во Манчестер јунајтед, а тој вели дека е подготвен за нов предизик. Навистина не го разбирам“.

„Да го кажеше ова во времето на Ферги ќе гледавме друг филм, Рашфорд ќе леташе на клоци“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани