„Д Бест“: Меси гласаше за Роналдо, но Португалецот не го стори истото за својот ривал

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси го освои признанието за најдобар фудбалер на годината
според ФИФА, меѓутоа интересен беше изборот на Аргентинецот за „Д Бест“.

Во потесниот
избор помеѓу Вирџил Ван Дајк, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, токму Меси ја
доби наградата „Д Бест“ за најдобар играч во 2019. година, Аргентинецот ја
предводеше Барселона до титула во Примера, а ја освои и „Златната копачка“,
меѓу другото со Аргентина го освои третото место на Копа Америка.

Фудбалската
јавност како и секогаш ја интересира за кого гласале ѕвездите, па така Меси го
„пикираше“ својот голем ривал Кристијано Роналдо во изборог од топ три, а освен
Португалецот, на неговиот список се најдоа уште и фудбалерот на Ливерпул, Садио
Мане и тоа на прво место, како и екс фудбалерот на Ајакс и негов соиграч во
Барселона сезонава, Френки де Јонг како трет избор, кој имаше феноменална
сезона со холандскиот клуб.

Изборот на
Роналдо беше екс фудбалерот на Ајакс и негов сегашен соиграч во Јувентус,
Матијс де Лихт како прва опција, веднаш по него Де Јонг, како и напаѓачот на
ПСЖ, Килијан Мбапе како трета опција во неговото гласање.

Што се однесува
пак до Ван Дајк, тој гласаше за Меси, како и неговите соиграчи Салах и Мане.

Својот глас го
дадоа и селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор
Ангеловски, како и капитенот Горан Пандев. Ангеловски гласаше за Ван Дајк (5
поени), Садио Мане (3), односно Мохамед Салах (1 поен), а истиот избор го имаше
и Пандев.

ФИФА ја објави листата на гласовите, па доколку сте заинтересирани за останатиот избор и распределба на гласови, истото можете да го проследите – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×