157
Изминатиот викенд
Штутгарт славеше со 2-1 на домашен терен против Аугзбург во редовното 32 коло
од германската Бундеслига, а тоа што нам не радува е секако изданието на нашиот
интернационалец Дарко Чурлинов.
Чурлинов во игра
на мечот влезе во 64 минута, а му беа потребни само десет минути за да асистира
во голот за победа, кој инаку го постигна Калајџиќ, па така Македонецот си доби
и големо признание за својот настап.
20 годишниот офанзивец
се најде во изборот на популарниот фудбалски портал „WhoScored“ како дел од тимот на колото во петте
најдобри фудбалски лиги во Европа за фудбалери до 21 годишна возраст.