Чурлинов со 16 години доби повик за македонската А репрезентација

by
1 минути читање

Младиот Дарко Чурлинов доби повик од Игор Ангеловски за пријателскиот меч и доколку влезе во игра ќе стане најмладиот дебитант во македонската сениорска репрезентација со 16 години и осум месеци.

Фудбалерот на Келн е офанзивен играч за врска и досега има настапено во сите македонски селекции до У18.

Во составот на репрезентацијата се враќа и Езџан Алиоски кој беше суспендиран за натпреварот против Лихтенштајн.

Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески се враќаат во селекцијата до 21 година која ќе игра пријателски натпревар против Бугарија.

Натпреварот помеѓу Македонија и Белорусија се игра на 28. март во 18 часот на Националната арена во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани