Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов вели во успех на престојните натпревари против Летонија и Фарски Острови, но предупредува дека нема да биде лесно иако Македонија е голем фаворит.
Пред македонската фудбалска репрезентација се два натпревари од Лигата на нации, во четврток ја пречекуваме Летонија, а во недела играме со Фарски Острови, исто така на домашен терен.
„Играме на домашен терен и тоа е голема мотивација за нас. Ќе ги анализираме противниците и ќе се фокусираме на задачите кои ќе ни ги даде селекторот. Сите веруваме во успех. Натпреварите нема да бидат лесни затоа што нема лесни противници. Сакаме на најубав можен начин да ја завршиме оваа мисија. Ако излеземе на терен и го направиме тоа што ни е кажано, мислам дека ќе поминеме многу добро “, вели Чурлинов.