Чурлинов и официјално во Шалке: Одлуката беше лесна, многу сум среќен

by
1 минути читање

Дарко Чурлинов во
следните 12 месеци ќе настапува во редовите на Шалке откако клубот од
Гелзенкирхен договори позајмица со Штутгарт.

„Шалке донесе нов
офанзивен фудбалер, го ангажиравме Дарко Чурлинов на позајмица од Штутгарт.
Македонецот ќе го носи дресот со број 7. Двете страни се договорија да не ги
откриваат деталите од трансферот“
– гласеше соопштението.

За новата авантура,
Дарко Чурлинов вели: „Многу сум среќен што се реализираше овој трансфер.
Дискусиите со клубот беа добри, па одлуката беше лесна. Како тим, сакаме да
постигнеме многу и јас сакам да дадам допринос“.

За ангажманот на Македонецот,
спортскиот директор Роувен Шродер рече: „Дарко е офанзивен фудбалер кој може да
игра на неколку позиции во нападот, со своите дриблинзи и брзина, знае да им го
загорчи животот на противничките дефанзивци. Знае да игра и со лева и со десна
нога, постојана закана е по противничкиот гол, неговиот стил перфектно се
вклопува во нашиот состав па задоволни сме што успеавме да реализираме ваков
трансфер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×