152
Келн го прекомандува Чурлинов од младинскиот во првиот тим за подготовките, а нашиот играч максимално го користи тоа и покажува дека може да биде значаен фудбалер за германскиот тим.
Денеска во игра влезе во второто полувреме против Болоња. Постигна гол во 72. минута за водство на неговиот тим од 3-0, мечот заврши со 3-1.