Чудото од дете на Ливерпул сам ги победи врсниците од Бразил, Англија со пласман во финалето (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англискиот Премиерлигаш Ливерпул може да се пофали дека
има светла иднина во офанзивецот Риан Брустер, за кого пишувавме и претходно,
17 годишниот член на тимот од „Енфилд Роуд“ донесе голем успех за младата
селекција на Гордиот Албион за која настапува на Мундијалот во Индија за
фудбалери до 17 години.

Токму Брустер постигна хет-трик во победата над Бразил со
3-1 во полуфиналната рунда од турнирот.

Младите англиски фудбалери својот противник во големото
финале ќе го добијат од подобриот во дуелот помеѓу Мали и Шпанија.

Брустер со седум гола е моментално лидер на листата на
стрелците на турнирот во Индија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани