Хрватска практично е елиминирана од Европското првенство откако синоќа против Италија прими гол во 98. минута, само чудо ги носи „коцкестите“ во осмина-финале.
Вчерашните пресметки во Групата Б донесоа драматична разврска, Хрватска ја делеа секунди од победа над Италија, и пласман во нок-аут фаза како второпласирана во групата, но Закањи погоди во 98. минута и ги расплака „коцкестите“.
Лука Модриќ и другарите практично се елиминирани, и само чудо може да им донесе осмина-финале со освоени два бода.
Потребно е Англија да ја победи Словенија со 3-0, 4-1 или некој друг резултат со гол разлика поголема од четири.
Данска ќе треба да ја победи Србија, или пак Србија да ја победи Данска со 3-0, 4-1 или некој друг резултат со гол разлика поголема од четири.
Доколку се случи едно вакво сценарио вечерва, работата утре ќе треба да ја завршат Португалија и Турција, кои ќе треба да ја победат Грузија, односно Чешка.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.