Јанг Бојс не е
дораснат противник на Манчестер јунајтед, а гигантот синоќа со победата од 0-3
на гостувањето во Швајцарија ја потврди големата разлика во квалитет помеѓу
обете екипи онаму каде што е најпотребно, на теренот.
Одлично издание а
воедно предводник во победата на Премиерлигашот беше Погба кој на два пати го
натера домашниот чувар да ја вади топката од својот гол, а беше и асистент во
третиот гол на мечот, дело на Марсијал.
Сепак, она што
остана како интересен детал од изданието на Французинот е пеналот кој го изведе
на една минута пред паузата, имаше мало шоу во ударот од белата точка откако
пред да ја упати неодбранливата бомба имаше чуден залет од неколку чекори, а
Французинот како причина за тоа наведе дека сакал да го измами голманот.