Чудниот договор на Ливерпул со Најк го „бутна“ Њу Баланс на суд, „црвените“ добиваат нов спонзор

by
1 минути читање

„Црвените“ си
подадоа рака со Најк за гигантот од Орегон во иднина да го изработува дресот,
но Њу Баланс поднесе тужба. Компанијата од Бостон може да ја продолжи
соработката со Ливерпул доколку ја изедначи понудата, и тие ја активирале оваа
клаузула.

Сепак, договорот
на Ливерпул со Најк е малку чуден, па судот денеска пресуди во корист на клубот
од Енфилд.

Медиумите пред
неколку месеци пишуваа дека се работи за рекорден договор вреден 70 милиони
фунти по сезона, но сега се говори дека Ливерпул има загарантирани
само 30 милиони фунти, што всушност е за 15 милиони помалку од сегашниот
договор со Њу Баланс кој истекува на крајот од сезоната.

Сепак „црвените“
добиваат и 20% ројалти од продадени производи со нивниот бренд, и тука
се очекува да се направат неколку десетици милиони фунти благодарејќи на дистрибутивната мрежа на Најк и можностите за маркетинг и промоција.

Њу Баланс ја
изгуби правната битка откако Најк ветил дека производите на Ливерпул ќе се
продаваат во најмалку 6.000 продавници ширум светот, бројка која во иднина може
да порасне и на околу 13.000 продавници. Последните бројки за Њу Баланс
покажале дека тие ги продаваат производите на Ливерпул во помалку од 3.000
продавници.

Компанијата од
Бостон исто така не може да ја изедначи понудата на Најк за маркетинг и
промоција. Најк на Ливерпул му ветува дека ќе користи познати личности од други
спортови за да го направи брендот пополурен, се спомнува дека промоција ќе прави
НБА ѕвездата Леброн Џејмс и најдобрата тенисерка Серена Вилијамс, па дури и
музичарот Дрејк ќе помогне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×