„Црвените Ѓаволи“
имаат серија од 20 натпревари без пораз, но таа не им е многу од корист бидејќи
Манчестер јунајтед на дури десет средби одигра нерешено.
Ваквите резултати
придонесоа клубот од Олд Трафорд да биде надвор од топ четири и местата кои
водат во Лигата на Шампионите.
Но и покрај тоа,
Жозе Мурињо си има некоја чудна математика и вели дека е подобро 10 ремија
отколку пет победи и пет порази.
„Мислам дека
чуството е добро да се знае дека не губиме на многу натпревари, имаме фантастична
серија од 20 средби без пораз во Премиерлигата” – вели Португалецот.
„10 натпревари,
10 нерешени средби се 10 бода. Или 10 натпревари, пет победи и пет порази се 15
бодови”.
„Што е подобро? Очигледниот одговор е
15 поени”.
„Но ако во
предвид треба да ја земеме иднината, јас преферирам 10 натпревари и 10 нерешени
средби, бидејќи тоа не е лесно”.
„Серијата без пораз ве прави ментално силни, на противниците ќе им биде тешко да ве победат, предизвиците ве прават поцврсти и добро е да го имате сето ова“.