164
Ливерпул имаше победа во
свои раце откако на полувремето на гостувањето кај Севилја имаше капитална
предност од 0-3, а на крајот мораше да се задоволи со реми од овој меч кој беше
директен дуел за првото место во групата „Е“ од Лигата на шампионите.
Фирмино постигна два
гола за англискиот тим во Севилја, а еден од нив го реализираше на чуден начин.
Бразилецот пред да упати
удар во празниот гол на домаќините, се сврте спротивно од голот и погоди,
останува дилемата дали беше проверка од негова страна дали се наоѓал во офсајд
позиција претходно, или пак неговата реакција беше потценувачка кон
противникот.