„Црвено-црните“ пристигнаа во Бад

by
1 минути читање

Како што стои на
официјалниот клупски сајт на македонскиот шампион, целата експедиција на Вардар
пристигнала утринава во австриски Бад Татцмансдорф, кое воедно ќе биде база на
подготовките на тимот во следните две седмици.

Ова е трета
година по ред Вардар да ги обавува своите летни подготовки на ова место,
програмата вели дека попладнево во 16 часот ќе биде одработен и првиот тренинг.

Поради обврски
кон младинската репрезентација на Македонија која настапува на Европското
првенство во Полска за фудбалери до 21 година, подоцна во подготовките ќе се
приклучат Алексовски, Велковски, Муслиу, Демири, Николов и Петковски.

За време на
подготовките во Австрија планирани се и неколку меѓународни пријателски
натпревари.

 

Извор/Фото:
fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани