„Црвените Ѓаволи“ расположени, Гомес спречи убедлива победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Жозе Мурињо прикажаа одлично издание попладнево против Ватфорд, победија
само со 2-0, но имаа голем број на шанси за уште поубедлив триумф.

На голот на
гостите беше расположениот Гомес кој во неколку наврати испадна поуспешен во
дуелите со Ибрахимовиќ и Погба.

Резултатот го
отвори Мата во 32. минута, на асистенција на Марсијал, Шпанецот од неколку
метри ја затресе мрежата на Ватфорд.

Самиот Марсеијал
потоа се запиша во листата на стрелците по еден час игра за предвреме да го
реши победникот.

Стоук со
минимални 1-0 славеше над Кристал Палас, Сандерленд пред своите гледачи доживеа
тежок пораз од 0-4 во дуелот со Саутемптон, а Вест Хем и ВБА во драматичен
финиш одиграа 2-2. На средбата поемѓу Мидлзборо и Евертон немаше голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани