Фудбалерите на Црвена Звезда беа поразени од Порто во Лигата на шампионите со 2-1, но гледачите на РТС во Србија можеби мислат поинаку.
Имено, на екранот во вестите резултатот од натпреварот на Звезда беше прикажан како 1-2, односно како Звезда победила.
Веројатно се работи за грешка затоа што во денешно време секој лесно може и да провери, ако не го гледал дуелот, но оваа ситуација потсети на онаа од 2010 година кога во Северна Кореја бешее прикажано како земјата да го освоила Светското првенство, иако не освоија ниту бод во групата.