673
Црвена Звезда ќе биде гостин на Вардар во рамките на пријателски натпревар во чест на загинатите и жртвите на страшниот пожар во Кочани.
Српскиот тим за ова гостување во Скопје ќе дојде заедно со десетина свои легенди. Македонците кои во минатото имаа свој удел во историјата на Звезда ќе бидат дел од групата. Така, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драги Канатларовски, Бошко Ѓуровски и Горан Попов ќе бидат во групата легенди кои ќе добијат почест во Скопје.
На полувремето од мечот со Вардар се очекува групата легенди на Црвена Звезда да истрча почесен круг на „Градски“.