Црвена Звезда слави кај Лех, реми без голови на Лудогорец и Ференцварош!

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда триумфира на гости кај Лех Познањ со 1-3 и со тоа се приближи чекор поблизу до Лигата на шампионите.

Натпреварот од третото коло во Полска понуди одлична партија од страна на Србите. Раде Круниќ го отвори резултатот, но пред полувремето Ишак израмни. Во продолжението Круниќ одново донесе предност, а победата ја потврди Бруно Дуарте.

Ривалите кои во следното коло на плеј-офот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе вкрстат со Шкендија, Лудогорец и Ференцварош одиграа реми без голови (0-0).

Минимални победи запишаа Клуб Бриж кај Салцбурт (0-1) и Каират дома со Слован (1-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×