Црвена Звезда има нов највреден фудбалер во своите редови, бидејќи го купи Томас Хандел од Виторија Гимараеш.
24-годишниот дефанзивен играч за врска доаѓа од португалската Примиера лига, а е поранешен младински репрезентативец на оваа земја. Хандел ќе биде највреден во тимот на српскиот шампион, бидејќи според „Трансфермаркт“ вреди 13 милиони евра.
Ова е сериозно засилување за Црвена Звезда која остана без место во Лигата на шампионите, меѓутоа ќе настапи во новата сезона на Лигата на Европа.
Досега највреден играч на српскиот тим беше Тими Макс Елшник проценет на осум милиони евра, по пет вредат Ндијае и Милсон, по 4,5 се Круниќ, Дуарте, Сеол…
Jogo Bonito! 🤔
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) September 2, 2025
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/zaWFjC7UIW